Skip to main content

Кога политичарите го слушаат гласот на народот

Исланд станува земја од бајките

 |  инфодеск  | 

Во главниот град на Исланд, Рејкјавик, една улица во индустриската зона е наречена, ни помалку ни повеќе, туку по Дарт Вејдер, мрачниот Сит Лорд од серијалот Војна на ѕвездите.

Иницијативата за ова необично преименување на улицата тргнала на градската веб страница “Подобар Рејкјавик” која овозможува на граѓаните да изнесуваат предлози и совети за подобар град. Одлуката една од улиците да биде именувана по господарот Сит ја објавил овие денови градоначалникот Dagur B. Eggertson на својот Twitter профил.

Улицата всушност ќе се вика Svarthöfði што на исландски е назив за Дарт Вејдер. Всушност се работи за игра на зборови што во буквален превод значи црна глава.

Обожавателите на научната фантастика одамна сонувале дека една од улиците во индустриската зона ќе го носи името Svarthöfði имајќи во предвид дека таму сите улици завршуваат со наставката höfði, па повторно во духот на тамошниот јазичен пуризам ова го направило забавна игра на зборови.

Дека тамошните политичари го слушаат и почитуваат гласот на народот говори и тоа дека освен давање имиња на улици, веќе прифатиле низа идеи од форуми на интернет. Еден од значајните предлози од форум кој беше прифатен е претворањето на главната трговска улица во пешачка зона, а токму сега се разгледува идејата за воведување на бесплатен wi-fi во градскиот превоз.