Skip to main content

Заврши 54-та поетска манифестација Струшки вечери на поезијатаЗаврши 54 поетска манифестација Струшки вечери на поезијата

Заврши 54-та поетска манифестација Струшки вечери на поезијата.

 |  Валентина Неловска  | 
bd

Со доделување на наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“  заврши  54. издание на Струшките вечери на поезијата. Наградите беа врачени на поетската интернационална средба „Мостови“. Струга во изминативе poetденовиве беше престолнина на поезијата.  Признанието „Златен венец“,филигрански изработен ловоров венец,  доби кинескиот поет Беи Дао, кој е 50-ти јубилеен добитник на ова високо поетско признание. Наградата  му ја додели претседателот на Управниот одбор Славе Ѓорѓо Димоски.

Наградата „Мостови на Струга“ за дебитантска поетска книга на млад странски автор и прирпадна на шпанската поетеса Паула Бозалонго, а и ја врачи директорот на фестивалот Мите Стефоски. Наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра стихозбирка на македонски јазик, објавена меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата  и припадна на поетесата Виолета Танчева-Златева, а  ја врачи претседателот на жири-комисијата Зоран Анчевски.

svpТрадиционално на полноќ беше прогласен и добитникот на наградата „Енхалон“ за најдобра песна на млад автор од Македонија, која годинава и припадна на поетесата Афродита Николова за песната „Во налетот на ветрот“.

Поетските читања денескa се преселија во Скопје. Поетско матине ќе  се одржи  во манастирот „Свети Андреја“ на Матка и на Плоштадот „Македонија“ во близина на Камениот мост. Лауреатот на СВП Беи Дао ќе биде примен во Друштвото на писателите на Македонија, каде ќе биде прогласен за почесен член.
На 54  издание на Струшките вечери на поезијата учествуваа над 40 поети од 29 земји.