Стартува новата учебна година
Учебната година денес започна за речиси 270.000 основци и средношколци, од кои 20.212 се првачиња. Во средните училишта настава ќе посетуваат околу 81.000 ученици.
Учебната година денес започна за речиси 270.000 основци и средношколци, од кои 20.212 се првачиња. Во средните училишта настава ќе посетуваат околу 81.000 ученици.
Бројките не се конечни бидејќи во некои училишта каде што има слободни места вчера завршува уписот, информаираат од Министерството за образование.
И годинашните матуранти ќе полагаат по стариот концепт. Измените на законот за средно образование се одложени за следниот септември, иако првично беше најавено дека конечниот концепт ќе биде дефиниран со стартот на новата учебна година.