Домот Ванчо Питошески летово не се даде под наем заради лоши законски измени
Домот Ванчо Питошески летово не се даде под наем заради лоши законски измени.
Сметката на училишниот дом Ванчо Питошески оваа година останала потенка за околу 7.000 евра, пари кои во изминатите години се инкасирале од негово издавање под наем во летните месеци. Минатите години од тој приход се обезбедувале плати за вработените, се плаќале давачки за струја, вода , средствата се користеле за подобрување на сместувачките капацитети за учениците. Директорката на средното општинско училиште, Ванчо Питошески, Весела Темјаноска во чиј рамки работи и домот, вели дека ова лето не го издале домот поради проблем со термините за тендери но не можеше со точност да каже колкава сума пари загубиле од оваа пропуштена можност.
„Тие се средства кои ни се потребни за да функционира домот и училиштето, но ќе најдеме сили да ги покриеме“, напомена Темјаноска.
Градоначалникот Никола Бакрачески пак, надоврзувајќи се на овој проблем напомена дека тие како Локална Самоуправа се грижат и ги помагаат сите образовни институции во градот.
„Никогаш понатака домот нема да се издава под услови како некогаш со неповолни услови за училиштата во корист на тие кои го добиваат во летните месеци. Тоа нема да го дозволиме на тендер ќе се постават услови кои ќе бидат во корист на училиштата, а не во приватни раце како во минатото , подвлече Бакрачекси.
ТВМ се обиде да дознае како порано течела постпката за издавње на домот под наем. Дознаваме дека се почитувал законот за располагање со движен и недвижен имот на државните органи, претходно се почитувале одлуките на училишниот одбор и добивањето согласност од градоначалникот. Почетната цена на лицитацијата ја одредувала Управата за јавни приходи,а лицитирањето било јавно.
Пропуштената можност да се инкасираат средства од неиздавањето на домот под закуп од Заедницата на едниците на локална самоуправа ( ЗЕЛС), го лоцираат во лошите измени на Законот за располагање со движен и недвижен имот на државните органи кои стапиле на сила во март годинава. Душица Перишиќ директорката на Зелс појаснува дека за претходните измени тие изработиле софтвер кој го користеле сите општини, но промените од март, како што вели за ТВМ Перишиќ, биле направени без нивна претходна консулатција. Па од таму се предизвикале и проблемите не само за охридската ЛС туку и за сите општини да не можат да ги изнајмуваат домовите спортските сали и др простори со кои располагаат. Перишиќ не сака да посочува кој е виновен за настаната ситуација со која се судриле и многу други општини во земјава, но вели дека во меѓувреме интервенирале за да се промени законот.
„ Не би ја свртувала вината кон Локалните Самоуправи Тие укажаа веднаш и ние приговаравме и релативно брзо успеавме да ги направиме измените. Ние очекувавме дека измените ќе ги направиме пред годишните одмори, но Собранието се распушти заминаа на одмори. Сите изгубивме и не би ги обвинувала Локалните самоуправи за овој проблем“, укажува Перишиќ.
Министерството за финансии, одделот за имотно – правни односи, каде што се провлекла грешката, ги изгласале измените минатата недела. Сега општините имаат можност да управуваат со сите објекти од областа на образованието, културата, спортот и детската заштита на соодветен начин без да се користи електронскиот систем на Зелс, објаснува директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ.