Skip to main content

Охридското езеро порибено со ендемичниот вид на пастрмка

Охридското езеро порибено со ендемичниот вид на пастрмка.

 |  Валентина Неловска  | 
ribi

Во водите на Охридското езеро на локалитетот Вирче беа пуштени 300.000 парчина пастрмка. За оваа намена министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство издвоило средства во висина од  7, 5 милиони денари.  На порубувањето присуствуваше и  ресорниот министер Михаил Цветков  кој при тоа кажа дека мерки за пооглема заштита на рибниот фонд  се потребни и од албанската страна.

риби„ Албанската  страна презема активности но се доста зад нас. Немаат уредено управување со рибниот фонд во Охридското езеро. Имав средба со албанскиот министер и се договоривме да отпочнат со работа заеднички комисии за зачувување на Охридската пастрмка кој требаше да се сретнат во Охрид во јануари годинава. За жал јас формирав Комисија, но од другата страна комисија не се формира. Нема да застанеме тука ќе продолжиме да работиме заедно“, најавува Цветков.  

Покрај ресорниот министер на порибувањето присуствуваа  концесионерот на езерото Охридкса пастрмка 2012 и преставници од Хидрбиолошкиот  завод.  Ристе Танасоски  концесионер на Охридското езеро кажа дека во изминативе три години о дкога стопнаисуваат со езерото и има негова физичка заштита како и со успешниот мрест се возобновува рибниот фонд. Танасоски посочува дека во моменетов проблем им преставуваат поединци кои крадат риби.


риби„ Рибокрадството како појава во 2012 беше поставени  километри со мрежи од Радожда до Св Наум. Најмногу беше загрозена белвицата која се ловеше со забранети пловни мрежи. Она што го направивме е намалување на рибокрадството, но сега имаме поединци кои  во 99 посто се јавуваат како исти луѓе кои  имаат прекршочни и кривични пријави“, напоменува Танасоски.  

Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот завод напомена дека годинешниот вештачки мрест е показател дека има зголемување на популацијата на охридската пастрмка.

„ Оваа година во помал број на риболовни денови со ист број на алат фативме поголем број единки, полово созреани и количина од 2.300.000 зрна икра која ја собравме за двојно помал период од колку мината година. Тоа е показател дека бројот на популацијата се зголемува, но останува чување на рибните пловишта цела година,а  не само во 3 месеци на мрестот“ , напомена  Спиркоски.  

Ендемичните примероци на охридска пастрмка кои денес беа пуштени во езерото се одгледани со вештачки  мрест во Хидробиолошкиот завод. Имаат  тежина од 2,5 до 3 грама и  должина  од 7 до 8 сантиметри. За овие единки да достигнат тежина до 1 кг потребни ќе им бидат 7 години.