Skip to main content

Милион евра се продава најскапата вила на охридското крајбрежје

Милион евра се продава најскапата вила на охридското крајбрежје.

 |  Валентина Неловска  | 

Милион евра е цената на најскапата вила која во моментов се продава на охридското крајбрежје. Во агенциите за недвижности се почесто се јавуваат  купувачи кои сакаат да поседуваат  имот на охридското крајбрежје и се подготвени да платат за луксузни станови т.в. пентхаус и куќи со поглед на езеро или Стар град, напоменува Наташа Спасеска  Цветкоска од АН „Капитал“. Има клиенти кои се подготвени да платат за таков имот во Охрид ама понудите се мали.

ohrid„Имаме луксузни пентхаус станови на понуда. Станови на највисоките катови од зградите со поголема квадратура со цена од 200 до 300 илјади евра. Има пентхауси и од 500.000 евра на крајбрежјето во туристичките населби. Најскапата недвижност која се нуди на Охридскиот пазар е вила на Кеј Македонија и нејзинат пазарна вредност е 1 милион евра“, посочува Спасеска Цветкоска.  

И за малите викенд станови со површина од 20 до 30 метри квадратни има побарувачка ама нема понуда, вели Спасеска. Тие се најбарани од наши иселеници и македонци од внатрешноста. Најчесто на пазарот со недвижности се нудат станови со површина од 50 квадратни метри. Најмал интерес за купување на станови има кај охриѓани додава Спасеска.   Веднаш по становите од 50 м2 за продажба се нудат куќи и  деловни простори, а најмала понуда има на плацеви за граење за што Спасеска  Цветкоска има обаснување на што се должи тоа.    

охрид„ Процесот на урбанизација е доста бавен и нема соодветна понуда од таков тип. Најчесто се  бараат станови во вредност од 20.000 до 30.000 евра за викенд намена а има и голем интерес за првата линија на Кеј Македонија со поглед на Охридското  езеро и градот“, додава Спасеска Цветкоска.  

Во последните две години има голема раздвиженост и стабилизрање на пазарот со недвижности вели Спасеска Цветкоска. Во 2012 по падот  на цените на недвижностите веќе во  2014 и 2015 има стабилен ценовен пазар, подвлекува Спасеска Цветкоска. Според податоците на  Државниот завод за статистика Охрид го зазема третото место во Македонија по бројот на изградени станови во 2014 година. Лани во Охрид биле изградени 353 станови.