Skip to main content

Годинава рекордно високи цени за ајвар и зимница

Годинава традицијата за подготовка на зимница ќе „почека“ подобри времиња. Подготовката на ајвар годинава ќе биде луксуз, сметаат граѓаните, производителите и пазарџиите.

 |  Николоска Биљана  | 

Крајот на август и септември, се месеци предвидени за подготовка на зимница. Почнувајќи од низалки со пиперки, туршија, ајвар, лутеница, малџано, пинџур и останато, македонците, традиционално во овој период од годината, се подготвуваат за зимскиот период. Некои не прават зимница, други пак ја прават во помали или поголеми количини, во зависност од длабичината на џебот. Како и да е, дел од граѓаните кои ги анкетиравме забележуваат дека земјоделските производи годинава се поскапи од лани.

„Нема да правам зимница, годинава не е скапо, ама јас не можам за двајца луѓе. Годинава е поскапо, веќе нанижав, но платите се помали и пензиите ама по малку мора да се стави од се по нешто. Скапо е изгор, јас јадам луто но скапо е се. Лукот овде е 300 денари а Албанија 150 денари, но како другиве години нема да може да правиме. Цените се средни

Повозрасните домаќинки не се откажуваат од македонските специјалитети и подготвуваат по малку од се колку што им дозволува пензијата. Додека пак, поголем број од младите велат дека или немаат време, немаат услови или пак, полесно им е да купат во маркетите.  
Годинава обрачот се стега. Производителите и пазарџиите велат дека потрошувачката е намалена во споредба со минатите години, сметаат дека можеби сеуште е рано и допрва треба да се зголеми побарувачката на земјоделските производи за зимница.

„Многу слабо се трошат земјоделските производите, многу се високи цените, нема доволно пипер, проблем беше времето, нема доволен квалитет а цената е висока, мислам дека луѓето ќе останат без ајвар. Се купува по малку центите им се гледаат високи но за десеттина дена очекуваме да падне цената. Слаб е интересот уште е топло, слабе е интересот очекуваме после 15 септември би требало да има пиперки, цената е висока, скапо им е пиперка 50- 60 денари тоа го нема во Европа“.

Причина за високите цени на производите за зимница пазарџиите сметаат дека се неповолните временски услови кои влијаеа на родот и квалитетот на ,,ајварката” и „куртовската капија“ пиперките од кои се прави ајварот. Освен лошиот квалитет нивната цена е поголема од минатата година. Па така, ако лани на големо овие пиперки се продаваа од 30 до 40 денари килограм, сега ќе чинат 40 или 50 денари. Инаку килограм зелени пиперки на пазар се продаваат од 20 до 30 денари за килограм, морковите се продаваат од 40 до 50 денари килограм, доматите во зависност од сортата може да се најдат по цена од 10 па до 50 денари по килограм. Зголемна цена оваа сезона имаат и краставичките.

{loadposition content9}