Германскиот синдикат на пилоти кој е во отворен конфликт со управата на Lufthansa веќе една година, најави штрајк за 8-ми септември кој ќе ги погоди прекуокеанските летови од Германија и теретниот сообраќај.
Штрајкот, тринаесетти по ред во последните година и половина, ќе започне во 6.00 по GMT, а ќе заврши во 22.00 часот.
Синдикатот на Cockpit и Lufthansa се во конфликт помеѓу другото и поради условите за одење во пензија на пилотите.
Во соопштението на синдикатот се нагласува дека се согласил на важни отстапки, но дека не нашол разбирање кај управата.