Skip to main content

Девет загинати во несреќата на авионот на Туркиш Ерлајнс

Девет патници загинаа, а повеќе од 50 се повредени кога авион на турската компанија Туркиш Ерлајнс со 135 патници денеска при слетувањето на аеродромот во Амстердам се скршил на три дела.

 |  Крсте Голабовски  | 
avionska nesreka
авионска несрека
Девет патници загинаа, а повеќе од 50 се повредени кога авион на турската компанија Туркиш Ерлајнс со 135 патници денеска при слетувањето на аеродромот во Амстердам се скршил на три дела.

„Авионот се урна во поле надвор од периметарот на аеродромот“, изјави официјален претставник на аеродромот Шипхол, четврт најфреквентен аеродром во Европа.

Холандската телевизија прикажа снимки на кои се гледаат покриени тела на патници, оставени во близина на трупот на авионот. Очевидци на настанот изјавуваат дека имало тела на земја.

Снимките покажуваат три пукнатини на леталото, кое по распаѓањето за среќа не се запалило.

Повеќе од 50 патници се повредени, но има и такви кои несреќата ја преживеале без никакви повреди.

Претставниците на турската авиокомпанија на прес конференција во Истанбул соопштија дека во леталото имало 127 патници, вклучувајќи и едно бебе, како и седум членови на екипажот.

Боингот на Туркиш Ерлајнс, што утрината полета од Истанбул, се скрши на три дела откако слета на неколку стотина метри северно од пистата на аеродромот Шипхол. На овој аеродром се одложени десет лета, а десет се откажани.

Засега нема официјални информации за точната бројка на загинати патници, а не се соопштуваат ниту детали околу причините што доведоа до авионската несреќа.

 

 

{loadposition content9}