Skip to main content

Во Охрид наскоро првиот конгрес на професионални физиотерапевти

Конгресот ќе се одржи од 17-ти до 20-ти септември во Охрид и има за цел да ги приближи сферите на интерес на сите физиотерапевти од регионот и да овозможи меѓусебна размена на искуства.

logo

Конгресот ќе се одржи од 17-ти до 20-ти септември во Охрид и има за цел да ги приближи сферите на интерес на сите физиотерапевти од регионот и да овозможи меѓусебна размена на искуства.

logoКонгресот е во организација на Здружението на професионални физиотерапевти на Македонијаи е со наслов „Физиотерапевтски предизвици во 21 век“.

Инаку на овој прв настан од ваков вид во регионов, учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со новите достигнувања во рехабилитацијата, неврофизиотерапијата, хипорехабилитацијата и много други области.

Исто така ќе се дискутира за рехабилитација кај децата, за неурофизиотерапија, за рехабилитација во ортопедијата, за кардиореспираторна физиотерапија, рехабилитација кај спортски повреди, хипорехабилитација, терапевтско пливање и слично.
Конгресот во Охрид ќе се организира во соработка со Здружението на лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби „Дајте ни крила“.