Отпочна изградбата на два нови кружни текови на бул „Туристичка“ во Охрид
До крајот на годинава градоначалникот Никола Бакрачески најави реализација на 4 проекти околу изградба на нови кружни текови, со кои ќе се надминат бројните сообраќајни проблеми кои досега се создаваа на бул „Туристичка“. Денес го означи стартот на два од нив.
Означен стартот на два значајни инфраструктурни проекти во Охрид. Едниот вкрстосување на бул „Туристичка“ со ул „Македонски Просветители“, другиот на крстосницата на „Туристичка“ со ул „Стив Наумов“. Со изградбата на овие кружни текови во многу ќе се подобри сообраќајната слика на овие два потези, но ќе се подобри и безбедноста во сообраќајот, истакна градоначалникот Никола Бакрачески.
„Тука сме на местото на започнување на еден значаен проект за сообраќајот на Охрид, започнување со работите за реализација на проектот за два кружни текови на раскрсницата помеѓу ул. „Туристичка“ и „Македонски Просветители“, односно „7 ми Ноември“, за кое што се обезбедени средства со кредит од Светска Банка и кое што според објавената отворена постапка за најповолен понудувач е избран АД „Илинден“ Струга, кој ќе биде изведувач на градежните активности“ – нагласува Бакрачески.
Првиот кружен тек на ракрсницата кај Охридска Банка ќе биде со дијаметар од 24 метри, а помалиот на почетокот на ул „7 ми ноември“ ќе биде со дијаметар од 3 метри, што на Локалната ќе ја чини 12 милиони денари или 200 000 илјади евра, појаснува Бакрачески. Тој е убеден дека граѓаните на Охрид веќе стекнуваат доверба во нивната работа и во реализација на ветените и реализирани проекти.
„Во реализација на овие проекти рамноправно со изведувачите, АД „Илинден“ – Струга и „Ив Стил“ од Охрид, вклучени се ЈП од Охрид со своите стручни екипи и механизација, онака како што две години се ангажирани за редица зафати во Охрид“ – вели Бакрачески.
После подготвителните работи околу новите два кружни текови ќе отпочнат градежни активности за изградба на уште два нови, едниот на раскрсницата помеѓу ул. „Туристичка“ и „Јане Сандански“ и другиот на раскрсницата помеѓу ул „Туристичка“ и „Абас Емин“. Според предвидувањата на Локалната самоуправа сите активности на Туристичка околу изградбата на новите кружни текови на раскрсниците треба да бидат готови до крај на годинава.
{loadposition content9}