Во Охрид ќе стартува Институтот за филм. Највена работата на Академијата за филм со седиште во нашиот град. Заменикот мин за образвание Спиро Ристоски најви дека наскоро ќе стартуваат уписите , а со работа академијата ќе започне од месец ноември. Визитинг професори ќе има од Прашката Академија ФАМУ ,а во Охрид ќе студираат студенти од целиот свет. Целта е заеднички дипломи со ФАМУ. Студиската програма на Институтот за филм Охридската филмска академија е прилагодена специјално за оваа институција врз основа на долгата традиција на ФАМУ, чешката филмска академија. Филмската акедемија со седиште во Охрид е нов проект со кој се продолжува долгата традиција на Прашката школа за филм и телевизија koјa е 5-та најстара филмска школа во светот , кажа заменикот министер за образование и наука Спиро Ристоски.
„ Филмската академија во Охрид е јавна научна установа формирана од Владат на РМ која ќе биде придружна членка на Универзитетот Гоце Делчев од Штип. Нуди постдипломски прогарми за катедрта сценаристика и драматургија и катедрата за креативна продукција. Тригодишните студсики програми ќе се изведуваат на англсики јазик и се прилагодени според стандардите на ФАМУ, кажа Ристоски.
Професор Томаж Петрењ од ФAMУ од Прага е задоволен што по 7 години тешка и напорна работа идејата на македонскиот режисер Иво Трајков за отварње на Филмскиот Инситуит во Охрид стана реалност. Идејата беше поддржна од Владата на РМ и ресорното минситерво. Со тоа се продлабочуваат културните врски меѓу Македонија и Чешка , истакна Петрењ.
„Ние отвараме не само образовна туку научна јавна институција и планираме отварање на докторски студии. Ќе се посветиме на истражување на филмската индустрија, теорија, историја. Ќе отвориме постидполмски студии, две катедри за режија , камера и постпродукција“, најави професорот Петрењ од ФАМУ.
Градоначалникот Никола Бакрачески упати благодарност до сите кои работеа на реализација на овој проект.
„ Со отварање на филмската академија Охрид ќе зазема важно место на светската филмска мапа. Тука ќе се образуваат кадри не само од Македонија туку и од земјите од регионот . Знаењата и вештините од Прашката школа ќе им ги пренсуваат познатит е имиња од престижната ФАМУ од Прага“, рече Бакрачески.
Бакрачески најави наскоро отварање и на филмско студио со што Охрид ќе стане филмски град.