Skip to main content

Дел од поранешната касарна се преуредува во Универзитетски кампус

Дел од поранешната касарна се преуредува во  Универзитетски кампус.

 |  Валентина Неловска  | 
ohrid

Еден објект од касарната Михајло Апостолски се уредува за потребите на министерството за образование и наука. Во обиколка на објектот беа заменикот министер за образование и ректорот на Универзитетот  Св. Апостол Павле. Просторот ќе биде користен од  Универзитетот, рече  зам. министерот Спиро Ристоски.  Посочи дека по  внатрешното уредување на објектот  во наредниот период ќе отпочнат работите за изведување на  грејната инсталација.   
 
kasarna„ Задоволен сум од динамиката на работите. Минситерството има иневстирано во овој објект повеќе од 40 милиони денари  во прва и фаза, а ќе следуваат и останатите  две фази“,   кажа  Ристоски.

Ректорот на Универзитеот Нинослав Марина истакна дека уредувањето на објекти од поранешната касарна во универзитетски  капмус е од големо значење за нивната високо научна  образовна  институција.

„ Ова е нов концепт со кој се обидуваме да направиме студенски кампус каде што сите студенти покрај то ашто ќе студираат ќе бидат и сместени овде далеку од градската врева. Овој концепт е за прв пат во Македонија.  Во западно европските земји и во САД ваквите кампуси се многу типични“, појасни  Марина.
Рекотрот кажа дека ќе располгаат со над 4000 метри квадртни површина на кои во следните фази ќе се изградат спорстка сала и други спортски терени.