Започна новата академска година
Од денес новите академски граѓани започнуваат со своето високо образование. Започна новта студиска година. На ФТУ Охрид се одржља првиот свечен час на кој добредојде на новите студенти им посакаа, новиот декан, новиот ректор и професорите. Бројот на студенти кои се одлучиле своето образование да го продолжат на оваа високообразовна институција од година во година расте.
Започна новата академска година. На ФТУ Охрид на првиот свечен час добредојде на новите студенти им посакаа, новиот декан, новиот ректор и професорите . ФТУ годинава може да се пофали со уште поголем број студенти кои се одлучиле своето високо образование да го стекнат токму на овој факултет. Во првиот и вториот уписен рок се запишале над 240 студенти, а на третиот се пријавени повеќе од 30 студенти.
И оваа година најголем интерес студентите покажале за студиската програма Царина и шпедиција, каде квотата е пополнета уште во првиот уписен рок , како и за насоките осигурување и туризам.
Според процентот на пополнетост, во рамки на битолскиот универзитет „ Св. Климент Охридски“ сме на второ место после Факултетот за безбедност. Интересот на младите за запишување на нашиот факултет е показател за нашата работа, вели идниот Декан на ФТУ, Професор д- р Цветко Андреески.
Присутните студенти на првиот час ги поздрави и идниот Ректор на Универзитетот „ Св. Климент Охридски“ во Битола, Професор д- р Сашо Коруновски, кој рече дека пред нив стои обврската за студирање, стекнување знаења и вештини на различно ниво од она кое досега го имале.
{loadposition content9}