Села: ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ и ЕВН, го блокираат образовниот процес во Струга
Политичка хајка на ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ и ЕВН, во образовниот процес во Струга. Така струшкиот градоначалник Зијадин Села ја коментира состојбата со основните училишта во Струга кои учебната година ја почнаа без струја. Сакаме да го преземеме долгот за електрична енергија и останатите долгови во училиштата, за да не дозволиме да се игра политика со децата, категоричен Села. Но, ако ЕВН не сака да слушне за тоа и ако има бојкот во училиштата, тој како градоначалник ќе го поддржел.
Коалиционите партнери ВМРО – ДПМНЕ, ДУИ и ЕВН и оваа година исто како и минатата, се обидуваат да го блокираат образовниот процес во Струга, од причини кои им се познати само нив, обвини градоначалникот Зијадин Села. Општината подготвена е да го плати долгот за електрична енергија доколку ЕВН тоа им го овозможи на рати, истакна градоначалникот. Тој нагласи дека минатата година како Локална самоуправа презеле одговорност да го платат долгот кој изнесувал 6 300 000 денари заклучно со месец ноември 2014, кој се исплатувал на рати како што тврди Села. Но во меѓувреме бидејќи сметките на сите основни училишта во Струга биле блокирани се наталожил нов долг за електрична струја.
„Спремни сме и овој долг од 2 милиони денари да го преземеме и да продолжиме со редовно плаќање на рати. Се соочивме со одговор од страна на ЕВН кои велат – „не може“. Значи намерата нивна е повеќе од јасна дека сакаат да направат афера, сакаат да блокират. Јас не се плашам ниту од афера ниту од бојкот во образованието, бидејќи 2 години сме отворени и желни да помагаме да ја завршиме нашата законска должност. Да не играме политика со децата, со нашата иднина. Ако ЕВН и било кој друг не сака да слушне за ова ако сака да има бојкот во населението ќе има јас ќе го подржам и ќе треба да се разгледаат многу прашања“ – вели Села.
Долгот во ОУ „Браќа Миладиновци“ како што информираше Села изнесува 13 милиони денари кој бил наследен, во ОУ „Јосип Броз Тито“ сегашната состојба бола 10 милиони, додека пак во Основните училишта „Климент Охридски“, изнесувал 9 милиони, во „Ашим Агуши“, 4, 7 милиони, и во „Зини Хани“ 5,7 милиони.
„Од почетокот на годината до сега успеавме околу 40 милиони долг да се плати, очекуваме во наредната година да дојдеме до фаза да се деблокираат сметките во овие училишта. Во меѓувреме сме во тек за реализација на пилот проект во школото кое има најголем трошок а тоа е ОУ „Браќа Миладиновци“, за воведување на соларни панели и целиот систем на школото и греењето и електрична енергија да бидат обезбедени на овој начин преку алтернативна енергија, проект кој ќе се направи со пари на општина Струга“ – истакна Села.
Во средните училишта состојбата е подобрена, изјави Села. Како што и самиот кажа тоа било резултат на неговиот ангажман, откако ја презел градоначалничката функција во 2013, да стави крај на местењето на тендери, што како појава во училиштата била многу присутна пред две години и од што многу луѓе добро профитирале. Тој посочи пример како со домаќинско работење успеале шесткратно да го намалат трошокот за нафта во образовните институции. Имено како што нагласи Села од 40 000 000 денари за набавка на нафта, сумата шескратно ја намалиле така што минатата година од предвидени буџетски средства 7,9 милиони денари потрошиле 7,6 милиони денари за нафта.
{loadposition content9}