Skip to main content

Светската криза не ја поштеди ни Русија

Половина милион Руси можат наскоро да останат без работа, поради глобалната финансиска економска криза, додека повеќе од 180.000 се отпуштени во последните три месеци, соопшти руското Министерство за здравство и социјален развој.

 |  Крсте Голабовски  | 
Moskva
Москва
Половина милион Руси можат наскоро да останат без работа, поради глобалната финансиска економска криза, додека повеќе од 180.000 се отпуштени во последните три месеци, соопшти руското Министерство за здравство и социјален развој.

MoskvaРуската Влада во финансиската санација на банките погодени од глобалната финансиска криза веќе вложи околу 400 милијарди рубљи (11,14 милијарди долари), изјави директорот на секторот на централната банка за финансиско заздравување на кредитните организации Михаил Сухов.
Русија во јануари оствари надворешно трговски промет вреден 30,5 милијарди долари, што во однос на јануари минатата година претставува намалување од 39,2 отсто, соопшти руското Министерство за економски развој. Рускиот надворешно трговски суфицит во првиот месец оваа година, изнесуваше 9,9 милијарди долари, во споредба со 18,9 милијарди во истиот месец лани.

 

{loadposition content9}