Skip to main content

Фондот за здравство отвора аптекарска станица во струшкото село Ливада

Менаџерскиот тим на фондот вели дека на овој начин се обидуваат да ја доближат достапноста на лекови до граѓаните кои живеат во руралните средини.

 |  Мишел Наумоски  | 
fzom

Фондот за здравствено осигурување отвора аптекарска станица во струшкото село Ливада. Според зборовите на директорот на Фондот, Сашо Стефаноски оваа аптекарска станица со работа ќе започне од 1ви октомври со што жителите на ова населено место ќе имаат можност токму во местото каде што живеат да си ги набават потребните лекови.

direktori FZOM„Со овој проект, со проектот „Аптекарски станици“ заедно со Министерството за здравство се трудиме да ја доближиме достапноста на лекови до граѓаните кои живеат во руралните средини. До овој момент се отворени 66 аптекарски станици кои покриваат население од 130 илјади луѓе кои живеат во рурални средини. Би сакал да потенцирам дека од тие 66 аптекарски станици, шест се токму во струшкиот регион, опфатени се с.Боровец, с.Мислешево, с.Велешта, с.Октиси, с.Радолишта и најново како што кажав с.Ливада тука блиску до Струга.“-вели Сашо Стефаноски-Директор на ФЗОМ.

otvoren den fzomДенес во рамките на посетата на менаџерскиот тим на Фондот во подрачната единица во Струга, беше организиран и отворен ден во кој граѓаните односно осигурениците можеа да добијат информации или пак решение на некои од нивните проблеми.

„Имавме средба со вработените, лекарските комисии, претставниците на лекарите. Во општина Струга делуваат повеќе од 100 здравствени установи од кои 19 се аптеки и 37 стоматолози, 36 од нив се здравствени установи односно матични лекари, и шест здравствени установи гинеколози.“-рече Орхан Рамадани-Директор на ФЗОМ.

Во рамки на денешната посета, двајцата директори на фондот ја посетија и аптекарската станица во Мислешево со цел на видат како овие станици функционираат на терен.