Детското паркче кај каналот Студенчишта ќе се проширува
Детското паркче кај каналот Студенчишта ќе се проширува.
Дислоциран забавниот детски парк кај мостот. Од ЛС најавуваат градежни зафати со кој паркот ќе се проширува и обновува со модерни играчи , клупи и хортикултурно зеленило. Новото детско катче ќе се протега на 397 м квадратни, а неговите граници ќе се прошират на просторот на кој порано беше поставен времен угостителски објекти, информира секретарот на општината Димитар Спасески. Реквизитите кои пак досега се користеа во овој парк ќе бидат пренаменти.
„ Во моментов интензивно се одвиваат градежните работи. Од она што е договорено старите играчки ќе бидат дадени на користење за потребите на детската градинка Јасна Ристеска и дисперзираните градинки кои се отворени. Користа од ова игарлиште ќе биде повеќе кратна“, вели Спасески.
Секретарот појаснува дека постојните реквизити ќе бидат заменети со нови современи играчки, подлогата ќе биде бетонирана и обложена со гумена пдолога за поголема безбедност на децата, ќе има поставено и песок според сите стандарди , а исто така ќе има поставено и клупи за родителите. На прашањето во каква состојба се останатите детски игралишта во градот секратарот укажува на негативната појава со вандализам врз детските игралишта.
„ Јас од она што го имам како информација сите игралишта се функционални но за жал тие се изложени на уништување, од за нас непознати причини. Од тоа не сум сигурен да потврдам дали се сите функционални затоа што не знам што се случило во меѓувреме. За уништените игралишта најбрзо добиваме пријави од месните заедници за интервенција. Затоа што најмладите ги бараат и се дел од нивното секојдневие, и ние се трудиме да интервенираме“, додава Спасески.
За реализација на новиот зафат на игралиштето кај мостот се обезбедени 827.000 денари. Дел од финансиите се обезбедени со проект од секторот за ТЛЕР во соработка со германската амбасада во износ од 485.000 денари, а 345.000 денари се издвоени од буџетот на ЛС.
Од ЛС очекуваат реконструкцијата на детски забавен парк да биде уреден и пуштен во употреба до средината на месец октомври.