Прв кајакарско-веслачки маратон од Струга до Охрид
Четириесетина веслачи, кајакари и кануисти денес ја тестираа својата издржливост во за среќа мирните езерски води. И организаторите и учесниците задоволни од оваа за нив пионерска трка за која изразија надеж дека ќе прерасне во една убава традиција.
Мирно езеро и летни температури за прекрасен почеток на една убава традиција. Денес во водите на Охридското езеро, на 11 километри долгата патека од пред хотелот Дрим во Струга, па се до Канео во Охрид се одржа првиот воопшто кајакарско-веслачки маратон. Задоволството од неговата успешна реализација забележлива и кај организаторите и кај учесниците. Еден од нив, беше и Никола Џутески кој извесла до второто место на подиумот, веднаш за првопласираниот Константин Дејкоски, и двајцата од кајак-кану клубот “Црн Дрим” од Струга.
„Не беше многу напорно, нашите тренинзи дневно се и поголеми од должината на маратонот ама за прв пат беше убаво, убаво е да се организираат вакви настани. На долги стази ова е прв пат, кај нас се организираат трки државни и меѓународни на кратки стази како што се дисциплините и на светските првенства, ама еве здравје в година убаво ќе е ако може пак да се организира вака.“-вели Никола Џутески-кајак-кану клуб „Црн Дрим“-Струга.
Идејата за еден ваков тип на трка се родила летово на денот на прославата на Меѓународниот ден на пловни спортови кога се одржале неколку трки со различни пловила.
„Овој маратон во суштина беше еден тест за нас кој целосно ќе го презентираме пред Меѓународната пловна федерација и се надеваме дека од наредната година ќе влеземе во нивната годишна програма на натпревари. Бидејќи тие се покровители на многу натпревари од овој вид, и целта е во суштина да се зголеми интересот за пловните спортови. Годинава исто така зад нас застанаа и членовите на меѓународната организација „Менс сана ин корпоре сано“. Учествуваа со неколку доктори и во нивната агенда е и предвидено ширење на спортовите кои влијаат врз здравјето на луѓето.“-рече Коста Хиохи-претставник на „Менс сана ин корпоре сано“,
Инаку на овој прв кајакарско-веслачки маратон учество зедоа четириесетина натпреварувачи од различни клубови, техничкиот организатор Црн Дрим од Струга, потоа клубовите „Југ“, „Ехо“ и „Стрмец“ од Охрид, како и веслачката секција на приватното средно училиште „Јахја Ќемал“ од Струга. Покрај индивидуалните чамци, на маратонот можеа да се забележат и групни чамци. Победници на маратонот се Петар Павлоски и Ристо Малезан Радиќески од веслачки клуб Југ Охрид со дубл скул кои први од сите ја поминаа целта, втор Костантин Дејкоски од КК Црн Дрим Струга, а третопласиран беше Никола Џутески КК Црн Дрим Струга. Додека во женска конкуренција прв беше дубл скулот на Југ Охрид Исабела Димоска и Анастазија Паскали ,втори кајак четворосед на црн дрим Струга и третопласирана КК Ехо Охрид Пендоска Александра. Како посебна и афтентична атракција беше учеството на веслање на автентично Охридско кајче кое дестинацијата ја извеслаа за 1,30,20сек и беше најбурно поздравено од сите присутни на целта.
{loadposition content9}