Skip to main content

Недостатокот на комуникација меѓу родителите и децата води кон оттуѓување на семејствата

Недостатокот од истата, според експертите, единствено резултира со давање погрешни примери кои децата треба да ги следат. Во овој сегмент, според нив, исклучително важно е целокупното окружување на децата, нивните родители како и воспитувачите во градинките, да делуваат заеднички и во ист правец.

 |  Мишел Наумоски  | 
gradinka

Оттуѓување на семејствата, недостаток на комуникација, непочитување на авторитетот на родителот или воспитувачот во градинките.

gradinka vospituvanjeОва се само дел од условно кажано „симптомите“ на современиот начин на живот и комуникација. Во центарот на вниманието или за жал се почесто и недостигот на внимание се оние најмалите и најважните, децата. Според Слободанка Радосављевиќ, која е дел од Балканскиот сојуз на воспитувачи, комуникацијата помеѓу родителите и детето, особено во претшколската возраст е навистина важен сегмент бидејќи секој недостиг на комуникација, според неа води до давање погрешни примери на децата. Дополнително, Радосављевиќ смета дека потребно е и целосно почитување на авторитетите и на родителите, и на самите деца, но и на воспитувачите кои скоро подеднакво се вклучени во правилното воспитување на децата.

komunikacija roditel-dete„Доколку само еден од тие три елементи делува поинаку детето ќе ги трпи последиците. Без обзир кој во даден момент е во право, дали родителот, детето или воспитувачот, тоа не е важно. Сите мора да делуваме исто. Да градиме авторитет и доверба едни кон други, како детето би растело во таква средина. Ние сме модели за тоа дете, мора да внимаваме што зборуваме, што правиме и како се однесуваме ако сакаме децата да ни бидат добри. А не да се однесуваме како што јас знам да кажам, мајките, младите мајки да седат и со сатови да пишуваат пораки на Фејсбук, а во исто време за истата работа да ги караат децата.“-вели Слободанка Радосављевиќ-Балкански сојуз на воспитувачи.

Токму проблемот со недостиг на комуникација во современиот начин на живот е темата на меѓународната конференција за предучилишно воспитување која се одржува во нашиот град. Според Илија Митров, директор на детската градинка „Астибо“ од Штип, и дел од Балканскиот сојуз на воспитувачи, оваа конференција е особено важна за професионалната надградба на воспитувачите од Република Македонија.

konferencija vospituvaci„Над 300 труда се пријавени за да се формира зборник кој ќе биде преведен и на македонски јазик и достапен за сите воспитувачи и негователи на деца, да ги искористат овие искуства на оваа тема и за оваа проблематика и да може во иднина да ги искористат во наставата за да му пријдат на овој проблем уште посериозно и уште попрофесионално со многу точни информации за тоа како да ја подобриме комуникацијата со родителите во оваа доба на современа комуникација.“-рече Митров.

Размената на искуства пак која се случува на конференцијата, според претставниците од Министерството за труд и социјална политика ќе биде драгоцена.

vospituvaci konferencija„Министерството за труд и социјална политика е најповикано или е во негова надлежност згрижувањето и воспитувањето на деца до шестгодишна возраст и затоа и сум присутна овде на оваа конференција се со цел да дадеме поддршка на вакви конференции затоа што размената на искуства и сето она што ќе се научи на оваа конференција се надеваме дека ќе се пренесе и во нашите установи кои функционираат во Република Македонија.“-изјави Дарка Петрушевска советник во Министерство за труд и социјала.

Инаку ваква конференција наменета за воспитувачите од претшколска возраст за прв пат се организира во Македонија, а е четврта по ред во организација на Балканскиот сојуз на воспитувачи.