Skip to main content

Прва пол позиција за Ферари по цели три години

Германецот Себастијан Фетел (Ферари) ќе стартува од првата позиција на трката во Сингапур

 |  инфодеск  | 

Себастијан Фетел по врнежливо време на патеката Марина Беј во Сингапур ја донесе првата пол позиција за Ферари по повеќе од три години, односно по трката за Големата награда на Германија во јули 2012 година, а оваа во Сингапур е прва оваа година на која не е прв некој од возачите на Мерцедес.

Актуелниот светски првак и водечкиот во пласманот на возачи, Бритенецот Луис Хамилтон отствари само петто време, додека неговиот колега Германецот Нико Розберг беше шести.

Од првиот ред, покрај Фетел ќе стартува Австралиецот Даниел Рикардо од Ред Бул.

Стартниот поредок за трката во Сингапур е следниот:

-Себастиан Фетел (Ферари)

-Даниел Рикардо (Ред Бул)

-Кими Раиконен (Ферари)

-Даниел Квајт (Ред Бул)

-Луис Хамилтон (Мерцедес)

-Нико Розберг (Мерцедес)

-Ватери Ботас (Вилијамс)

-Макс Верстапен (Торо Росо)

-Фелипе Маса (Вилијамс)

-Роман Грожан (Лотус)

-Нико Хулкенберг (Форс Индиа)

-Фернандо Алонс(Мекларен)

-Серхио Перез (Форс Индиа)

-Карлос Сајнц (ТороРосо)

-Џејсон Батон (Мекларен)

-Фелипе Наср (Заубер)

-Маркус Ериксон (Заубер)

-Пастор Малдонадо (Лотус)

-Вил Стивенс (Марусиа)

-Александер Роси (Марусиа)