Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид, Дебрца и Струга, дека во четврток, 24ти септември, во координација со Министерството за здравство на РМ ќе се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци. Истата ќе се изврши во утринските часови, во период од 5 до 8 часот,
На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското Езеро по течението на Коселска река.
Во градското подрачје во зона на Касарната и Дебело Поле, како и во населбите Воска и Даљан.
На територијата на општина Дебрца ќе се спроведе дезинсекција во атарите на селата Мешеишта, Волино и Требеништа по течението на реката Сатеска, како и во зона на селата Белчишта и Велмеј по течението на Голема река.
На територијата на Општина Струга дезинсекцијата ќе се спроведе во атарите на селата Мислешево, Мороишта и Дрслајца, како и на потегот од Подмолје по магистралниот пат кон Ќафасан и Охридското Езеро се` до село Калишта.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно за водата и почвата..
Во случај на појава на неповолни временски услови дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881 и 230 231.