Skip to main content

Муслиманите го празнуваат Курбан Бајрам

Околу 600 муслимански семејства од Охрид  денес ќе имаат богата празнична трпеза, за големиот муслимански празник Курбан – Бајрам. И годинава традиционално, фондацијата Атлас од Охрид, ја  организираше древната традиција на ритуалот на принесување жртва за големиот празник. Курбан-бајра секогаш е дополнителен повод муслиманите да извршуваат добри дела. Традиционално се оди на посета кај роднините и најблиските пријатели, при што се даваат дарови и се донира за сиромашните.

 |  Биљана Николовска  | 

Исламските верници денес го прославуваат првиот ден од Курбан-бајрам. Во исламската вероисповест тоа е најголемиот муслимански празник и се одбележува три дена. Уште се вика и хаџиски бајрам бидејќи муслиманите одат на хаџ во Мека. Градот Охрид отсекогаш специфичен, посебен и уникатен го прават традициите и нивното почитување, без оглед од која заедница се тие. Почитувајќи се меѓусебе овој град долго опстојува и низ вековите преку традициите заеднички сме живееле на овие простори, изјави секретарот на општина Охрид Димитар Спасески.

„Денес особено задоволство што во име на Локалната самоуправа во име на градоначалникот Бакрачески, можам да присуствувам на овој настан, испочитувајќи уште една традиција, воедно сакам да споменам дека се работи за една иницијатива која што во себе вклучува и голема хуманост. Ја користам оваа прилика во свое име, во името на градоначалникот Бакрачески, Локалната самоуправа, да им го честитам празникот Курбан- бајрам на припадниците на муслиманската заедница, посакувајќи им во мир спокој среќно и бериќетно со нивните семејства да си го поминат овој ден“ -изјави Димитар Спасески – секретар на општина Охрид

Курбан – бајрам е посебен празник бидејќи на овој ден се врши ритуалното принесување жртва. Оваа древна традиција години наназад се изведува и во Охрид. Како што појасни Каљуш Кевни денес се жртвуваат животни, а нивната фондација „Атлас“ го организира се тоа.

„Денеска како и секоја година како што гледате колиме околу 14-15 големи глави. Тоа месо ќе се дели низ цел Охрид каде што има потреба кај сиромашните. Повеќето од месото ние го делиме и сами се организираме и го носиме по куќите, после завршувањето, бидејќи некој знае некој не го знае ова место, имаме листи каде што има потреба се носи“.- вели  Каљуш Кевни од фондацијата Атлас.

Кевни изрази голема благодарност кон градоначалникот Никола Бакрачески кој и годинава им помогнал со парични средства, им обезбедил простор и контењери. И советникот Кујтим Усеини се заблагодари на градоначалникот и на сите верници од муслиманска вероисповед им го честита големиот празник Курбан- бајрам.

„По иницијатива на советникот Иљат Ибраим и моја иницијатива, презедовме една мала помош за сиромашните луѓе и дадовме околу 100 килограми месо помош за организацијата Атлас и им благодарам за денешната организација“.- вели советникот Кујтим Усеини.

Курбан-Бајрам доаѓа два месеци и 10 дена после Рамазанскиот бајрам. Празникот Курбан-бајрам е востановен во сеќавање за тоа како пророкот Ибрахим бил подготвен по заповед на Бога да му го принесе на жртва својот сакан син Исмаил. За таа покорност и богобојажливост, Ибрахим е послан да жртвува овен, а синот да ја одбегне оваа судбина.

{loadposition content9}