Ова се експертите кои открија дека Volkswagen прави измама
Во два дена компанијата ја чини 20 милијарди евра

Истражувањето кое доведе до потврда дека компанијата прави измама, во два дена Volkswagen ja чинеше повеќе од 20 милијарди евра, а ќе ja чини веројатно многу повеќе со оглед на тоа дека ќе следуваат барања за отштета.
Во групата луѓе кои открија дека големиот и моќен Volkswagen ги лажел своите купци бил професор, двајца штотуку дипломирани студенти, истражувач од факултет и лидерот на тимот, инженерот Daniel Carder, директор на Универзитетскиот центар за алтернативни горива и мотори.
Carder во интервју за Reuters го изразил своето чудење на реакцијата на автомобилскиот џин и рекол дека тој и неговиот тим ова го истражување го започнале пред година и половина, а потоа ги објавиле резултатите.
“Кога ги видовме првите резултати бевме шокирани, се сомневавме во себе, се прашувавме каде сме згрешиле. Потоа се покажа дека сме биле во право и дека Volkswagen знаел за истрагата и за резултатите на кои самите присуствуваа на презенатцијата”, изјавил Carder.







