Skip to main content

Црковниот одбор и месната заедница од Велгошти бараат решавање на проблемот со селските гробишта

Црковниот одбор и месната заедница од Велгошти бараат решавање на проблемот со селските гробишта.

 |  Валентина Неловска  | 
velgosti

Проширувањето на селските гробишта за велгоштани  има итен приоритет во  решавање на комуналните проблеми во населбата. Овој проблем веќе долго време ги мачи жителите бидејќи постоечките селски гробишта се веќе исполнети. Месната заедница и Црковниот одбор од Велгoшти наскоро ќе бараат средба со  градоначалникот Никола Бакрачески и директорот на ЈП „Градски гробишта“ Зоран  Симоноски, вели за ТВМ Јоне Лиотоски член на селскиот Црковен одбор.

Велгошти„ Истите да ни излезат во пресрет овој сериозен  проблем да го решиме  во интерс на жителите  на Велгошти. Прво ќе бараме да ни дадат локација во Градските гробишта со договор меѓу ЈП Градски гробишта , Месната заедница и Црковниот одбор за  начинот на користење.Второ барање во близина на постоечките гробишта во Велгошти доколку има државно земјиште да ни го доделат ние да го припремиме,“напоменува Лиотоски.   

Овој проблем за велгоштани влече корени веќе подолго време , но не успевале да најдат трајно решение за истиот.

„Овој проблем е 10 -15 години,  претходните одбори со максимални напори успеаа да направат  нови гробишта сега се пополнети и нема локација на постоечкото место“, посочува Лиотоски.  

велгоштиДиректорот на ЈП Градски гробишта вели дека е подготвен за средба со црковниот одбот и месната заедница, но  во моментов нема одговор како  би се решавал овој проблем.  Кажува дека  неодамна на нивна адреса пристигнало советнико прашање од советникот Александар Калачоски за овој проблем ,а на кое тие дале свој одговор.

„ Ние одговоривме дека како ЈП делуваме само во овој круг, а за да преземеме дејствија треба да  ја видиме економската оправданост и сите законски и подзаконски акти дали може да го преземеме“, појаснува Симоноски.

Според последниот попис на населението од 2002  Велгошти има 3060 жители.