Горниот дом на рускиот парламент, Советот на Федерација, едногласно го одобри барањето на претседателот Владимир Путин во Сирија да распореди воени сили, изјави шефот на кабинетот на претседателот Путин, Сергеј Иванов.
Во соопштението се наведува дека одлуката за користење на руски воени сили во странство се однесува на военото воздухопловство, а не на копнени сили, пренесува RIA.
Иако Кремљ во своето барање не навел на која земја се однесува таа одлука, Иванов по гласањето рекол: “Се работи за Сирија”. Иванов, исто така, рекол дека Сирија побарала руска воена помош.
Русија моментално ја засилува својата воена моќ во Сирија, а Москва цврсто стои зад режимот на сирискиот претседател Башар Ел Асад.
Последен пат кога парламентот му одобрил на Путин испраќање трупи во странство беше минатата година кога се случи анексијата на Крим во Украина.
Кремљ на сенаторите во Советот на Федерација им упатил барање за “распоредување воен контингент на Руската федерација” вон земјата врз основа на “општо признатите начела и норми на меѓународниот закон”, известува AFP.