Skip to main content

“FA” донесе одлука за инцидентот на Мурињо и докторката на Челзи

Англиската фудбалска федерација детално го истражи инцидентот меѓу Мурињо и Карниеро

 |  инфодеск  | 

Харизматичниот Португалски менаџер на Челзи ја избегна казната од пет натпревари суспензија и парична казна поради навредливиот речник спрема Ева Карниеро.

FA спроведе полна и темелна истрага од тужбата на докторката на Челзи дека Хозе Мурињо користел дискриминирачки речник во првиот натпревар од сезонава.

Мурињо во споменатиот натпревар на стартот од сезоната упати навредливи зборови кон физиотерапевтката (filha de puta) и со тоа Мурињо го пркрши ставот Е3 на правилникот на FA, спрема кој e казниво користење на навредливи фрази и зборови кон други лица.

Но, FA клеветите не ги класифицира во дискриминирачки јазик, како што објасниле во својата официјална изјава:

“FA смета дека споменатите зборови не спаѓаат под дискриминирачки јазик според правилата на FA.”

По инцидентот Карниеро е отстранета од својата должност и во ниеден момент не се врати на работа. Дотолку повеќе таа го тужеше Мурињо по советите од своите адвокати.