Човекот со златен допир ја превзема модната куќа Ralph Lauren
Дизајнерот Ralph Lauren отстапува од местото извршен директор

Дизанерот Ralph Lauren најави отстапување од местото извршен директор на модната куќа во која вложи 50 години работа, додека на негово место во ноември ќе дојде Stefan Larsson ветеран на H&M и комерцијалната марка на Gap, Old Navy.
Промената на врвот не подразбира и пензионирање на Lauren бидејќи планира да остане на позицијата креативен директор и извршен претседател. “На компанијата и се потрбни промени, а нашата одговорност ќе овозможи квалитетно лидерство. Мојата работа е да се грижам за иднината на компанијата”, рекол Lauren за Financial Times.
Во прилог на Larsson оди фактот дека за време од 15 години на водење на H&M приходите се зголемиле од три на 17 милијарди долари. Потоа тука е фактот дека Larsson три години работеше на ребрендирање на OldNavy, поставувајќи го како најголем бренд на Gap кој учествува со 6,6 милијарди во 16,4 милијарди приходи на Gap.
Најверојатно е дека Ralph Lauren компанијата ја препушта во сигурни раце во момент кога добивката во последното тромесечие е за 5,3% помала во однос на минатата година. Токму поради силниот долар и конкуренцијата на пазарот, луксузната стока на Lauren бележи пад во три последователни тромесечија, што резултирало и со преполовена вредност на компанијата за 7,5 милијарди долари во однос на ланските 16,3 милијарди долари.
Но, најавата за доаѓањето на Larsson очигледно на инвеститорите им ја врати надешта и цената на акцијата се опорави за 5% на 108,8 долари.







