Skip to main content

Струшкиот безистен во лоша состојба

Струшкиот безистен грда слика за градот. Грижата на надлежните за овој објект очигледно затајува, сметаат стружани. Тие бараат поодговорен однос на надлежните, дури и градоначалникот на Струга да преземе мерки, бидејќи според нив ова место ја губи својата намена на трговско продажен центар.

 |  Биљана Николоска  | 

Се распаѓа струшкиот безистен. Овој комерцијален објект навистина се наоѓа во катастрофална состојба, буквално, пропаѓа. Граѓаните пред камерата на ТВМ кажаа дека сликата во моментов најдобро зборува во каква состојба е овој објект кој се наоѓа на сред струшката чаршија, пред кој се фотографираат бројните туристи од земјава и светот.

„Безистенот моментално е за експедиција, целиот комплетно, затоа што е тотално уништен, катастрофа е. И градоначалникот да си преземе мерки да го среди,
-Не ме бендисува,
-Тоа е ужасно нешто, гледано од друг аспект, најнеуредено место во градов,
– во лоша состојба е, сите ги затвораат дуќаните“ – коментираат стружани.

Нашата камера регистрира дека овој некогаш репрезенаттивен трговски објект сега е во очајна состојба со сериозни оштетувања, искршени прозорци, направени се диви продажни простори од страна на одредени дуќанџии, има оштетувања на електричната инсталација, што претставува опасност за настанување пожар. А за хигиената и да не зборуваме, секој ќош е претворен во јавен тоалет од каде се шири неподнослива реа. Општ е впечатокот дека станува збор за заедничка негрижа на сопствениците на дуќаните, на струшките инспекциски служби кои секојденвно во дуќаните вршат разни контроли, но и на Локалната самоуправа од каде се оградуваат дека немаат никакви ингеренции врз овој објект, кој според нив бил во приватна сопственост. Во секој случај ваквата грда слика и неодговорност од страна на надлежните не доликува за Струга, градот која важи за едно од најпосетуваните места со гости од скандинавските земји.

 

{loadposition content9}