Skip to main content

Интер и Јувентус го сакаат Пандев

Двата гиганта се подготвени да влезат во трка за Македонецот, доколку Лацио не му го продолжи договорот.

 |  Крсте Гoлабовски  | 
Goran Pandev
Горан Пандев
Двата гиганта се подготвени да влезат во трка за Македонецот, доколку Лацио не му го продолжи договорот.

Италијанските гиганти Интер и Јувентус влегуваат во трка за доведување на Горан Пандев, а од Лацио најавуваат дека македонскиот репрезентативец ќе остане на „Олимпико“ и следната сезона. Пандев кој има договор со Лацио до 2010 година, веќе подолго време е дел од шпекулации за заминување во неколку европски екипи. Како последни во низата на можни нови дестинации на Пандев се појавија актуелниот италијански првак Интер и најтрофејниот тим во калчото Јувентус.

Goran PandevПандев веќе подолго време се обидува да го продолжи договорот со Лацио, но „небесносините“ засега не сакаат да ги прифатат условите на нивниот најдобар стрелец. И покрај тоа што договорот се’ уште не е продолжен, од Лацио најавуваат дека се сигурни оти Пандев ќе остане на „Олимпико“ уште долг период. Доколку до крајот на сезонава договорот не биде продолжен, Пандев со сигурност ќе биде продаден летово, бидејќи следната сезона ќе може да си замине како слободен играч.

Пандев ја игра петтата сезона во Лацио и досега во преку 150 меча има постигнато над 50 погодоци за римскиот калчолигаш. Сезонава на 23 меча Пандев даде 8 гола во Серија А и моментно е прв стрелец во екипата.

 

 

 

{loadposition content9}