Нов масакр во САД
Најмалку 10-тина лица загинаа , а повеќе од 20 се ранети во пукотници кои се случија на колеџ во американската сојузна држава Орегон.
Најмалку 10-тина лица загинаа , а повеќе од 20 се ранети во пукотници кои се случија на колеџ во американската сојузна држава Орегон.
Ова не е конечна бројка на настраданите бидејќи вестите за билансот на жртвите во американските медиуми постојано се менува. Според информации на полицијата од областа Далас потвредно е дека имало пукотници во кругот на кампусот „Ампка“ во градот Роузберг во државата Орегон.
Полициските служби се уште не даваат официјални потврди за причините на овој крвав настан.Очевидците изјавија дека луѓето бегале на сите страни.Полициски служби во голем број го обезбедуваат кампусот и ги предупредуваат граѓаните да стојат понастрана.
Според неофицијални извори напаѓачот кој отворил оган врз 3.000 ученици е уапсен.
Повредените се веднаш пренесени во локалната болница, каде двајца починаа. Мерили Кителмен мајка на еден ученик изјави дека нејзиниот син слушнал звук на пригушувач од пиштол, но нема детални информации за оружјето кое е користено.Од Белата куќа соопштија дека претседателот Барак Обама во целост го следи случајот.