Skip to main content

Откриен нов безбедносен пропуст кај Android

Безбедносните експерти открија два нови пропусти кај Android

 |  инфодеск  | 

Откако пред извесно време беше откриен опасен безбедносен пропуст кој претставуваше голема закана за корисниците на уреди со Android, сега се откриени уште два нови кои влијаат на сите верзии на оперитивниот систем во сопственост на Google.

Спрема информациите на компанијата Zimperium zLabs и овие пропусти спаѓаат во групата Stagefright на ранливост откриени порано оваа година, а во таа насока хакерите можат да загрозат повеќе од една милијарда уреди кои ги покренува Android. Од zLabs велат дека се загрозени корисниците кои прегледуваат аудио или видео записи кои хакерите ги направиле посебно за искористување на овој пропуст и се наоѓаат на страници на интернет на кои корисниците можат да дојдат преку измамнички линк или лажен оглас.

Безбедносниот пропуст во софтверот претставува сериозен проблем, а хакерите можат по пат оддалечени уреди да имаат пристап до документи, да ја следат работата на тастатурата или да ја вклучат камерата без знаење на сопственикот на уредот, предупредуваат на Cnet. Експертите од zLabs го известиле Google уште во август за оваа закана, а Google овие сознанија веднаш ги споделил  со производителите на уреди минатиот месец  и безбедносната надоградба би можела да се очекува во наредната седмица.