Нови пожари во Австралија
Јужна Австралија повторно ја зафатија шумски пожари. Огнената стихија најмногу беснееше во градовите Фрамлингам и Тимбон, а за гаснење на пожарите на терен излегоа повеќе од 100 пожарникарни возила.
| Крсте Голабовски | Свет
пожари
Јужна Австралија повторно ја зафатија шумски пожари. Огнената стихија најмногу беснееше во градовите Фрамлингам и Тимбон, а за гаснење на пожарите на терен излегоа повеќе од 100 пожарникарни возила.
Атмосферските услови ја отежнуваат работата на пожарникарите. Според синоптичарите во следните денови температурите ќе достигнат над 40 степени Целзиусови, а брзината на ветрот ќе биде 50 километри на час.
Во реонот на пожарите е објавена вонредна состојба, а затворени се 190 училишта и 146 детски градинки.
Локалните власти ги повикаа жителите од овие области да ги напуштат домовите или во спротивно да се подготват добро за да ги заштитат од пламените јазици.