Катастрофално невреме го покоси југот на Франција
Најмалку 13 лица загинаа во поплавите предизвикани од силното невреме што вчера го погоди Азурниот Брег во јужна Франција, западно од Кан.
Најмалку 13 лица загинаа во поплавите предизвикани од силното невреме што вчера го погоди Азурниот Брег во јужна Франција, западно од Кан.
Невремето, проследено со пороен дожд, предизвикало нагло зголемување на нивото на реките, од кои поголемиот дел се излеале од своите корита поплавувајќи ги околните реони и создавајќи неколку свлечишта.
Надојдените води однеле повеќе возила во морето, а поради поплавите десетина возови заглавиле на железничките станици или пругите.