Skip to main content

Во Охрид средба на министрите за одбрана на Македонија и на Албанија

Министрите за одбрана на Македонија и на Албанија, Зоран Коњановски и Газменд Окета во Охрид ќе имаат неформална средба во функција на развој и зајакнување на билатералната и регионална соработка.

Zoran Konjanoski
Зоран Коњаноски
Министрите за одбрана на Македонија и на Албанија, Зоран Коњановски и Газменд Окета во Охрид ќе имаат неформална средба во функција на развој и зајакнување на билатералната и регионална соработка.

На средбата, како што е најавено, министрите Коњановски и Окета ќе разменат мислења за актуелните случувања во регионот, но и ќе продискутираат на теми од взаемен интерес.

Зоран КонјаноскиСе очекува на средбата да учествува и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, заменик – началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини, државниот секретар во Министерството за одбрана, Петар Есмеров, како и други претставници на Министерството и Армијата на Република Македонија.

 

 

{loadposition content9}