Возачот на Торо Росо 21 годишниот Карлос Сајнц доживеа тешка несреќа за време на последниот слободен тренинг во пресрет на квалификациите за Големата награда на Русија.
Сајнц ја изгубил контролата над болидот при кочењето во една кривина на патеката. Тој се удрил во оградата и продолжил да се лизга по неа се додека не се удрил во другата заштитна ограда.
Брзо на патеката излегла екипа на брзата помош која го извлекла Шпанецот од уништениот болид. По кусото укажување на помош тој е сместен во хеликоптер и е превезен во болница за понатамошни прегледи.
“Карлос е при свест. Сеуште немаме детали, но се чини дека е во ред. Во овој момент тешко е да се каже дали до несреќата дојде поради грешка во болидот, но ќе мораме да истражиме што се случи”, истакнал шефот на Торо Росо. Франц Тост.