Skip to main content

Сушеното јаболко, најдобар и најздрав десерт

Стариот бабин рецепт за сушење овошје станува се поактуелен. Земјоделската фирмата Агриком започна со производство на сушено јаболко кое е органски произведено.Ваквата храна гледано од нутриционистички аспект е многу поздрава и ги задржува сите витамини и сокови. Европа се повеќе ја користи а скромно започнува да се пласира и кај нас.

 |  Лионела Јаковлева  | 

Сушеното јаболко кое е органски произведено е најдобриот и најздравиот десерт. Овај начин на подготвување на овошјето кој го применувале нашите баби и дедовци повторно се актуелизира. Тимот на земјоделската фирма „Агриком“ заедно со својот партнер од Ресен кој е производител на органски јаболка изготвиле еден пилот проект за сушено јаболко. Првичните резултати се многу позитивни бидејќи добиле здрав производ кој е баран на странските пазари.

Јаболкото е сушено на најприроден начин. Не се користени индустриски сушари, но за поголемо производство треба да се направи сушара во која ќе се користат природните извори на светлина и топлина и во која ќе се суши храна која целосно ќе ги задржи своите природни својства, вели Ѓоре Ѓорѓиевски сопственик на фирмата „Агриком“.

Ѓорѓиевски објаснува дека ваквата храна гледано од нутриционистички аспект е многу поздрава и ги задржува сите витамини и сокови. Тој смета дека иднината на земјоделството во Македонија е во органското производство, а наместо овошјето и зеленчукот да се конзервира подобро е да се суши.

Органската храна е заштитена од големиот број хемиски препарати. И при нејзиното производство се користат ѓубрива и заштитни средства, но тие имаат биолошко потекло. Сушената храна пак е многу поздрава бидејќи во себе не содржи никакви конзерванси. Во европските држави се повеќе се користи сушено овошје. На пример децата за ужина во училиштата и градинките конзумираат или свежо или сушено овошје, никако конзервирано, објаснува Ѓорѓиевски.

Земјоделската фирма „Агриком“ има намера во иднина да суши и други видови овошје како што е црешата и сливата.

{loadpostion content9}