Skip to main content

Органодарителство е највисок чин на човекољубие

Трансплантацијата на органи спасува животи, носи нов квалитет на животот за пациентите и огромни заштеди во Фондот за здравство.  Во Македонија по 2014 година кога земјата беше на врвот во Европа по трансплантација на бубрези, годинава се бележи драстичен и алармантен пад. Денес се одбележува Европскиот ден на органодарителство.

 |  Биљана Николоска  | 

Подари орган-спаси живот! Со цел да се подигне свеста на јавноста за трансплатација и органодарителство, втората сабота од месец октомври земјите од Европа ја посветуваат на одбележување на Европскиот ден на органодарителство. Денес Здружението НЕФРОН по четврти пат го одбележа Денот на органодарителството во Р.Македонија. Д-р Љубинко Трпеноски нагласи дека трансплантацијата е единствената терапија во медицината во која човекот му помага на друг човек со орган,и трансплантацијата на бубрези е најзастапена во целиот свет.

„Првиот закон за органодарителство во РМ е донесен во 1995 година. Од тогаш се наравени многу дополнувања и измени. Би спомнал само неколку, (06:30 „Прво во РМ секој граѓанин кој не се изјаснил за време на животот дека изричито се спротивставува да даде свој орган , значи секој човек може додека е жив да каже и да потпише изјава заверена на нотар дека не сака да дава органи после негова смрт. Нашиот закон спаѓа во т.н. закони со претпоставена согласност, што значи тоа, доколку некој за живот не се спротистави дека не сака да дава орган, се претпоставува дека кога ќе умре може да му земаат органи“-вели д-р Љубинко Трпеноски – Здружение „НЕФРОН“

Д-р Трпеноски нагласува дека и покрај крутата законска регулатива, докторите почитувајќи го традиционалниот менталитет на нашето граѓанство и почитувајќи ја фамилијата како столб на семејството пошироко ги прашуваат и бараат дозвола на некој начин иако законскии не се обврзани на тоа. Првата трансплантација во земјава направена е во 1977 година и од тогаш имало синусоидни порасти и падови.

„Меѓутоа благодарение на нашите иницијативи во соработка со Фондот за здравство кој ја подржа и ја поздрави нашата иницијатива за реафирмација на трансплантацијата . Од 2012 до 2014 се направија огромен број трансплантации, односно континуиран пораст. 2012 имавме 24 трансплантации 2013 имавме 35 трансплантации, во 2014 имавме 41 трансплантација од кои 12 беа од починати лица на што бевме горди и стигнавме во врвот на земјите во Европа по трансплантација на бубрези. За жал оваа година имаме еден пад кој е алармантен и кој мора да го изанализираме во смисла каде се причините за такиот пад.“ – додава д-р Трпеноски.

Д-р Трпеноски информираше дека една дијализа годишно чини 15-20 илјади евра, додека пак трансплантацијата чини толку само првата година, а сите години понатаму трошоците биле сведени на 20%. Додаде дека потенцијалите во Македонија се големи бидејќи се смета дека околу 200 пациенти годишно умираат со мозочна смрт. Од тие причини Македонија буквално има неискористени 200 срца, бели дробови и 400 бубрези. Од здружението НЕФРОН апелираат и сметаат дека доколку само 10 до 20% од овие починати би се трансплантирале, би имале голем напредок во целата тераписка процедура но и огромни заштеди на државата и системот во однос на средствата кои се одвојуваат за лекување со дијализа како скапа тераписка процедура. Но,треба да се спомене дека трансплантацијата носи нов квалитет на живот за пациентите и огромни заштеди во Фондот за здравство. Инаку одбележувањето на Европскиот ден на органодарителство е поддржан од Совет на Европа, европскиот директорат за квалитетна медицина и здравство. Во Европа се одбележува 17 години.

{loadposition content9}