Поради голем интерес набавени повеќе вакцини против сезонски грип
Охриѓани започнаа да се вакцинираат против сезонски грип. Иако официјално вакцинирањето започнува од задутре поради големиот интерес во Центарот за јавно здравје уште денес беа дадени првите вакцини. Годинава се набавени 500 вакцини повеќе од лани со што треба да се задоволат потребите на граѓаните.
Од 15ти октомври започнува вакцинирањето против сезонски грип. Но поради големиот интерес на граѓаните во Центарот за јавно здравје во Охрид веќе се вакцинирале десетина лица. Вакцината е од холандски производител и е од истата фирма како и лани а штити од четири типа на грип и тоа тип А, тип Х1Н1 и тип А Х3Н2 и тип Б. Оваа година се набавени 3000 дози на вакцини.
Имаме 500 вакцини повеќе од лани бидејќи минатата година интересот за вакцинирање беше голем па не ни стуигнаа тие што ги имавме набавено па пациентите ги препратувавме во другите центри за јавно здравје, вели епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.
Докторите препорачуваат против сезонски грип да се вакцинираат хронично болните, постарите лица и шалтерските работници, како и здравствените работници со цел овие ризични групи на граѓани да се зашитат од посериозни компликации кои може да ги предизвика грипот.
Изјава
Според анализите кои ги правиме сите оние кои се вакцинирани против сезонски грип или воопшто не заболуваат од него или ако заболат го поминуваат во многу поблага форма, вели Стурлакова-Коровешоска.
Вакцинација ќе се врши секој работен ден во просториите на Центарот за јавно здравје во периодот од 8 до 14.30 часот. И годинава цената на една вакцина е 400 денари.
{loadposition content9}