САД наскоро заминуваат од Авганистан
САД немаат намера да остануваат уште долго време во Авганистан, и покрај неодамна донесената одлука во оваа земја да се испратат дополнителни воени сили, соопшти синоќа претседателот Барак Обама во интервју за телевизиската мрежа Пи Би Ес.
„Една од работите, кои според мене треба да ги направиме е да го натераме Авганистан да разбере дека ние немаме никаков интерес или намери да остануваме таму за подолг временски период“, подвлече претседателот.
„Нашата основна цел во овој регион е да ја гарантираме безбедноста на Американците“, продолжи тој.
Според него, употребата на воена сила ќе даде позитивен резултат единствено ако паралелно со тоа се употребат средствата на дипломатијата и се градат партнерски односи со останатите играчи во регионот.
Обама, меѓутоа, одби да даде какив и да било рокови за американското воено присуство во Авганистан.
„Мојата идеја е да ги извадам американските војници од таму колку што е можно побрзо, а во исто време да не дозволиме да се создаде ситуација, која би довела до нови терористички удари против САД“, подвлече претседателот на САД.
{loadposition content9}