Skip to main content

Охридските училишта подготвени за грејната сезона

Oхридските  училишта подготвени за грејната сезона.

 |  Валентина Неловска  | 
skolo

Охридските општински средни и основни училишта се подготвени за стартот на грејната сезона. Скоро сите директори на училишта кои ТВМ ги контактираше кажаа дека имаат доволни количини на гориво. Ќе ги користат залихите нафта за почетокот на грејната сезона, а училишните  домаќини го проверуваат функционирањето на парните системи за греење. Охридските училиштата во измината грејна сезона  биле штедливи и на стартот на оваа  сезона ќе ги користат залихите од нафта.

skolo

Директорите на училиштата  напоменуваат дека во тек е подготовка  на тендерска документација за набавка на нови количини на нафта за календарската година за 2016. Училиштата користат количини на нафта во зависност од големината на корисната површина на објектите.      

Потребите на ОУ „Братство Единство“ за двата училишни објекти  се 85 тони нафта. Средното угостителско  „Ванчо Питошески“ заедно со ученичкиот дом набавува  50 тони,  средното економско  Св Кирил  и  Методиј  30 тони, а „Христо Узунов “   45 тони.OУ „Григор Прличев“ за двата објекти има потреба од  72 тони. Тендерските набавки  на нафта се прават преку локалната  самоуправа.