Стоп за говорот на омраза кој се шири преку интернет порталите
Преку медиумите, посебно интернет порталите, се повеќе се шири говор на омраза. Фондацијата Метаморфозис организира обуки за новинари, уредници и сопственици на интернет портали за да се зајакне нивниот капацитет за препознавање на ваквиот говор. Одговорност при ширењето говор на омраза треба да сноси и новинарот и уредникот и главниот и одговорен уредник на медиумот.
Ширењето на говор на омраза особено преку интернет порталите, проблем со кој се почесто се соочува нашето општество. Фондацијата Метаморфозис организира обуки за новинари, уредници и сопственици на интернет портали за да се зајакне нивниот капацитет за препознавање на говор на омраза. Познавачите на оваа проблематика велат дека ваквата појава треба што поскоро да се спречи, а оние кои го користат овај начин на пренесување информации да бидат санкционирани.
Говорот на омраза иако нема посебен закон за негово санкционирање може да се санкционира како дел од кривичниот законик. Ако се поттикнува ваков начин на известување од страна на некои интернет портали тие мора да одговараат за тоа, вели Филип Стојановски, програмски директор во фондацијата Метаморфозис.
Стојановски објаснува дека одговорност при ширење говор на омраза сноси и новинарот и уредникот и главниот и одговорен уредник. Назим Рашити кој е уредник на страницата за проверка на факти вели дека многу често новинарите и уредниците го забораваат основниот кодекс во новинарството.
Има злоупотреба на говор на омраза особено преку пренесување на говор на омраза од други лица како што се политичари и други јавни личности чии изјави новинарите ги цитираат а содржат говор на омраза, вели Рашити.
Вакви обуки имаше во Скопје, денес се одржа во Струга, а планирано е да се одржи и во Струмица. Фондацијата Метаморфозис го спроведува овој проект заедно со ОБСЕ.
{loadposition content9}