Skip to main content

Одговорните за геноцидот во Руанда сеуште се бараат

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ги повика државите од источна и централна Африка да соработуваат за апсењето на одговорните лица за геноцидот во Руанда.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ruanda
Руанда
Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ги повика државите од источна и централна Африка да соработуваат за апсењето на одговорните лица за геноцидот во Руанда.

Бан Ки-мун потсети дека 13 обвинети за геноцидот се уште се бараат.

UNТој изјави дека според информацијата со која располага, повеќето од нив се кријат во државите од централна и источна Африка.

Меѓу обвинетите е и руандскиот милијардер Фелисиен Кабуга. Се смета дека во 1994 година тој го финансирал геноцидот во Руанда, во кој само за три месеци загинаа 800.000 лица. Се тврди дека Кабуга се крие во Кенија.

Повикот за апсење на одговорните за геноцидот во Руанда Бан Ки-мун го упати за време на кратката посета на Меѓународниот кривичен суд за Руанда, што е сместен во градот Аруша, во Танзанија.

 

 

 

{loadposition content9}