Skip to main content

Показна вежба за евакуација во случај на земјотрес во ОУ Ванчо Николески, Лескоец

Треба уште многу работа за да се постигне повисоко ниво за заштита и спасување, кога станува збор грижа и безбедност на нашите граѓани, сметаат надлежните за одговор при катастрофи и спасување. Денес основците од Ванчо Николески во соработка со службата за итна медицинска помош, територијалната противпожарна единица и екипите на Црвен крст Охрид, беа евакуирани од земјотрес, при изведба на показна вежба.

 |  Биљана Николоска  | 

Утринава земјотрес го погоди село Лескоец , охридско. Учениците од ОУ „Ванчо Николески“, во паника за една минута  го напуштија школото, а двајца ученици беа извлечени со повреди. На лице место пристигнаа ургентните возила на Прва Помош, на Црвениот Крст како и екипата од ТПП единица на Охрид. За среќа овој настан беше дел од показната вежба „евакуација на учениците при земјотрес“.

„Тоа ни е предвидено во годишната програма, учениците беа подготвени претходно, родителите известени и месното население со истакнување на соопштенија, како што беше препораката од претставниците на Црвениот крст, вклучени беа екипи до Брза помош, пожарна, Црвен крст кои помогнаа во акцијата, имавме симулација на повредени, мислам дека децата ја разбраа поентата на оваа наша акција“.- вели Жаклина Трипунова – директор на ОУ „Ванчо Николески“

Показните вежби според Законот за заштита и спасување треба да се изведуваат најмалку два пати годишно и претставуваат законска обврска на сите правни субјекти, нагласува Антонио Додевски од Црвен крст Охрид.

 „Тоа е целта на ваквите вежби да и оние луѓе на кои што ова не им е работа секојдневно, а можат да бидат погодени како на пример кадарот и учениците да можат еднаш или два пати годишно да можат минимално да се приближат до она реална ситуација која би можела да биде во случај на вистинска несреќа. Колку почесто се вежбаат работите, толку луѓето можат да го поднесат стресот и можат да донесат исправни одлуки во реалното време“. – изјави Антонио Додевски – координатор за одговор при катастрофи и спасување во Ц. Крст Охрид

Додевски укажува дека во Законот за заштита и спасување нејасно е дефиниран начинот на едукацијата на луѓето. Додава дека, не обврска правните субјекти да имаат само план и текстуално предвидени обврски, туку потребна е реална едукација, односно луѓето точно да знаат кој и за што е задолжен и како се тоа ќе функционира. Треба уште многу работа за да се постигне повисоко ниво за заштита и спасување, кога станува збор грижа и безбедност на нашите граѓани, смета Додевски.

{loadposition content9}