Skip to main content

Започна Скопскиот џез фестивал

Тврд но богат звук со емоции, за почетокот на 34 издание на „ Скопје Џез Фестивал“.

logo

oliver belopetaТврд но богат звук со емоции, за почетокот на 34 издание на „ Скопје Џез Фестивал“.

Вака изгледаше вечерашниот настап на американскиот гитарист Џејмс Блад Алмер во Македонската опера и балет, со кој беше отворен фестивалот.

Од гитарата на Алмер , кој важи за еден од најистакнатите претставници на фри-џезот во светот, можеа да се чујат неговите препознатливи примеси на афроамериканската музика , зачинети со блуз, фанк и фри-џез.

– Џејмс Блад Алмер доаѓа истовремено и од фри-џезот. Тој беше близок соработник на Колмен. Водеше и свои некакви состави во тој стил, меѓутоа тој има снимено и Блуз плочи. Така што тој е еден  прекрасен пример на музичар кој се има изградено од американските па дури, би рекол и од црнечките традиции и прераснал во еден оригинал кој остана да биде многу влијателен, изјави уметничкиот директор на „Скопје Џез фестивал“ Оливeр Белопета.

gitaraПретходно во фоајето на МОБ, беше отворена изложбата посветена на џез музиката и нејзините икони, чија авторка е словенечката фотографка, Петра Цвелбар.

-Фотографиите ги снимав на различни краеви во светот. Започнав во Словенија, потоа добив покана да дојдам овдека во Скопје, така што и овде фотографирав.  Мене ми беше желба да одам во Њујорк, потоа и во Австрија, Италија и во Португалија. Во земји кои ми се блиску, каде што можам да одам зашто знаете, да се патува во ова време, не е така ефтино, изјави авторката на изложбата, Петра Цвелбар.

Покрај Џејмс Блад Алмер, во рамките на отворањето на фестивалот, концерт на полноќ во Сити Хол ќе одржа најистакнатиот италијански џез тромбонист Џанлука Петрела . До недела музичкото патување на кое покрај џезот ќе се слушаат и блуз, амбиент, денс, панк и други призвуци ,продолжува со концерти на кои ќе настапат реномирани музичари од светот. А, особен интерес владее за концертот на триото на Авишаи Коен, чиј настап на програмата е утре вечер.