Охрид крие непроценливо културно богатство
Под темелите на варошките куќи во Охрид, сеуште постојат остатоци на вредни културно историски споменици кои откриваат нови цркви и локалитети од античкиот и ранохристијанскиот период. Историчарите на уметноста укажуваат дека жителите на Варош стравуваат да градат нова куќа, бидејќи под нивната градба се наоѓа значаен објект.
Охрид претставува неоткриена ризница на културно богатство. Тоа го потврдуваат добрите познавачи на историјата во Охрид, кои откриваат значајни податоци, интересни и вредни да се слушнат. Како што објаснува Данче Матова, историчар на уметност, под секоја куќа од стариот дел на Охрид, познатиот Варош, има остатоци од античкиот и ранохристијанскиот период, мозаици, споменици и други важни археолошки елементи. Последно кај Манчевци откриена била базилика од 4 век.
„Луѓето од стариот дел на градот стравуваат кога ќе градт нови куќи затоа што под нивните темели секогаш се наоѓа некој значаен објект како што е оваа прекрасна базилика која ја конзервиравеме и е отворивме за посетителите. Таму има толку убави мозаици убаво конзервирани и треба сите тоа да го видат, бидејќи тоа зборува за Охрид кој е пребогат со културно историско наследство. – вели Матова.
Матова тврди дека фактот што за Охрид се верува дека дека има 365 цркви колку и денови во годината е точен, бидејќи тие секојдневно работеле и трагале да обезбедат цврсти докази за тоа.
„При секој и најмал зафат што го правиме на терен излегуваат нови цркви, така ни се случи кога партерно го уредувавме просторот околу Завод и Музеј, откривме црква од 12 век. Се мисли дека тоа е црквата Св Никола од 12 век во непосредна близина е и црквата на 40 те маченици кај Шандановци тука беше полесно да се датира затоа што се најдоа пари“– нагласи Матова.
Охрид малку е откриен и тоа допрва ќе се прави, така што идните генерации на археолози и историчари на уметноста ќе имаат полни раце работа во откривањето на нашето непроценето културно богатство, категорична е Матова. Додава дека Варош е пребогат со културно историски споменици од сите периоди, од праисторијата, хеленистичкиот, римскиот, византискиот, словенскиот, турскиот период а допрва ќе се откривал просторот околу црквата Св Софија. Инаку во Охрид и околината има 80 активни цркви, а на археолошката карта за Охрид се забележани 480 археолошки локалитети и таа бројка постојано се зголемува, вели Матова.
{loadposition content9}