Skip to main content

Извлечени паровите за дополнителните квалификации за Еуро2016

Скандинавска пресметка во дополнителните квалификации

 |  инфодеск  | 

На ждрепката за дополнителните квалификации за Еуро2016 , која е одржана денес во Нион, одредени се паровите а ќе се состанат Украина – Словенија, Босна и Херцеговина – Ирска, Норвешка – Унгарија и Шведска – Данска.

Првите натпревари на дополнителните квалификации ќе се играат помеѓу 12 и 14 ноември, а возвратните натпревари помеѓу 15 и 17 ноември во Словенија, Ирска, Унгарија и Данска, а победниците на овие дополнителни квалификации ќе се пласираат на Европското првенство во Франција.

Дополнителни квалификации за Еуро2016:

Украина – Словенија

Шведска – Данска

Босна и Херцеговина – Ирска

Норвешка – Унгарија