Дел од дијабетичарите реагираат на снабдувањето со инсулински пенкала
Дел од дијабетичарите реагираат на снабдувањето со инсулински пенкала.
Некои дијабетичари кои се на инсулинска терапија се загрижени за своето здравје бидејќи добивале помал број на иснулински пенкала од пропишаните. Реагираат дека им се мери буквално секоја капка инсулин. При тоа никој не предвидел дека невозможно е инсулинот да се прими точно до капка за да им стигнат месечно сите препишани пенкала, велат пациентите кои имаат ваков проблем. Некои се жалат и на промената на инсулинската терапија. Овие тврдења на дијабетичерите ги проверивме во Центарот за дијабетес при Општа болница Охрид. Интернистот, д-р Лилјана Анѓелеска од овој центар објаснува дека без причина нити еден пациент не е префрлен од еден на друг вид на инсулин. Тоа се применува само во случаи кога кај пациентот со одреден вид на инсулин е лошо регулиран инсулинот заради неприменување на режимот на исхрана и задолжителната физичка активност, напоменува Анѓелеска. Децидно напоменува дека промената на терапијата не го загрозува здравјето на пациентите. Во однос на реакциите дека пациентите добиваат помал број на пенкала доктор Анѓелеска појаснува дека има доволно терапија но се спречуваат домашните резерви на инсулин.
„Порано не се одредуваше колку им останува месечна терапија, па се земаа секој месец ист број на пенкала. Сега се комјутерски излегува колку пенкала месечно им следуваат пенкала и по 4 месеци колку имаат инсулинска терапија и колку пенкала треба да добијат. Се случува пациентите кои имаат месечен остаток од пола пенкало последниот месец да земат помалку пенкала,“ кажува д-р Анѓелеска.
Димче Панџакоски, претседател на охридското Здружение на дијабетичари напоменува дека засега на нивна адреса нема поголеми реакции од членовите. Напоменува дека тие потојано прават напори да се подобрува лекувањето на дијабетичарите. Бараме досегашните стандарди кои сме ги постигнале да не се намалуваат ако не ни се зголемуваат, вели Панџакоски. Тој укажува на недоволниот број игли кои ги добиваат дијабетичарите. Oд Националната комисија за здравство добивме ветување дека на наредниот тендер ќе има зголемување на бројот на иглите за инсулинските пенкала, кажува Панџакоски.
„ Имаме замерки што Министерството за здрвство поточно Фондот за здравствено осигурување испорачува за едно пенкало една игла. Во упатството за употреба на иглите се напоменува дека на секое боцкање треба д да се промени иглата, а пропусната моќ на иглата да се провери со исшприцување на 2 капки инсулин за да се види дали иглата е во исправна состојба“, вели Панаџакоски за оваа состојба.
Во Охрид во моментов се евидентирани 6000 дијабетичари. Од нив 2200 пациенти се на инсулинска терапија. Во порста е и бројот на млади луѓе кои имаа дијагноза дијабетес од тип 2.