Лажни банкноти од 500 денари циркулираат во Охрид
Во Охрид се купувало со лажни апоени од 500 денари, и 100 долари, а во Дебар со фалсификувани банкноти од 50 евра. СВР Охрид добар дел од сторителите на ваквите кривични дела ги открил и поднел соодветни пријави, информира портпаролот на секторот Стефан Димоски.
Фалсификувани пари кружат низ Македонија. Охрид не е исклучок од ваквата појава. Најмногу во промет кружи лажни банкноти од 500 денари, но и 100 американски долари и 50 евра. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски, истакна дека изминатиов период од 9 месеци на подрачјето кое го покрива секторот, евидентирани биле кривични дела, фалсификување на пари. До овој момент пријавени биле вкупно 7 вакви кривични дела, а откриени биле сторителите во 5 случаи и против нив биле поднесени соодветни кривични пријави.
„Сторителите на овие казнени дела најчесто за размена на лажните банкноти ги користат ноќните клубови, кафе барови, продавниците, маркетите итн. Она што е карактеристично во текот на април и мај годинава, во Охрид на подрачјето на Пештани и во градот, беа пуштени во промет лажни банкноти од 500 денари, тоа го имаше направено 20 годишна жителка на Охрид која што вешто се обиде да ги пласира и да ги пушти во промет“ – додаде Димоски.
Лажните банкноти визуелно тешко се препознаваат, објаснува Димовски. Тој наведе неколку карактеристики на кои треба да се внимава, доколку се појави сомнеж дека некоја банкнота не е оргинална.
„Сепак најкарактеристичен индикатор за препознавање е квалитетот на хартијата која што е помека и потенка од онаа на вистинските банкноти. Карактеристично е и тоа што спомнатите фалсификувани банноти од 500 денари имаат исти сериски број, кај дел од банкнотите може да се забележи дека воопшто немаат жиг и дека лажиран е потписот од гувернерот“ – изјави Димоски.
Димоски потенцира дека во реализација на овие кривични дела секторот имал одлична соработка со деловните субјекти, со банките, со чија помош се финализирале нивните активности за докажување на овие дела. Додека при плаќање во кеш постои опасност да биде подметната лажна банкнота граѓаните веруваат дека безготовинските плаќања со картички се сигурни. Но секогаш постои опасност при трансакции преку интернет. Началникот на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, Маријан Стоилковски, вели дека плаќањето преку интернет во земјава е комплетно безбедно.
„Приватниот сектор и финансиските институции се грижат за безбедноста на податоците на граѓаните на РМ кои користат при плаќање преку интернет. Се работи за начин за кој би рекол дека е сигурен начин на плаќање и би требало да се користи повеќе“. Најголем тренд моментално во Македонија се злоупотребите со И Комерц, во таа насока соработуваме со финансиските институции во земјава, разменуваме информации даваме насоки како граѓаните да се заштитат“ – вели Стоилковски.
Стоилковски информираше дека пред некој ден пуштиле соопштение во јавноста, во кое ги алармирале граѓаните за можните злоупотреби на интернет, односно најновите трендови за интернет измами со кражба на податоци и испраќање на мејлови. Смета дека ваквиот начин се покажал како најуспешен во справување со интернет измами како превентива, граѓаните да не наседнуваат.
{loadposition content9}