Жилиен Лизеро триумфира на Крањска гора
Французинот Жилиен Лизеро е победник на денешната, деветтта сезона слаломска трка во рамките од Светскиот куп на стазата Подкорен крај Кранска Гора.
Второто место го освои Италијанецот Џулијано Раколи, а трет беше Австриецот Феликс Нојројтер. Французинот Жан-Баптист Гранж и понатаму води во пласманот во слалом со 481 бод, а го следат Хрватот Ивица Ксотелич со 432 и Австриецот Манфред Прангер со 389. Во генералниот пласман на првото место и понатаму е Костелич со 837 бодови, втор е Бенџамин Рајх од Австрија со 835, додека на третото место е Гранж со 777.
Победничка на шестата овосезонска трка во супервелеслалом во рамките од Светскиот куп, возен во Банско во Бугарија е лидерката во генералниот пласман Американката Линдзи Вон. Второто место го освои Фабиен Сутер од Швајцарија, а трета беше Словенката Тина Мазе. Со пласманот на второто место швајцарката Фабиен Сутер го превзеде водството во пласман во супервелеслалом, со 376 бодови, а ја следат Вон (361) и Италијанката Надја Фанкини(336). Во генералниот пласман од Светскиот куп во женска конкуренција Вон е убедливо прва со 1.556 бодови пред Германката Марија Риш (1.165) и Швеѓанката Ања Персон (986).
{loadposition content9}